03.05.2023 Скопје
Американската централна банка (ФЕД) денеска во 20 часот ќе ја објави одлуката за референтната каматна стапка, а во 20 часот и 30 минути на пресот ќе се обрати претседателот на ФЕД, Џером Пауел.
Експертите прогнозираат дека ФЕД ќе ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени и ќе објави крај на сегашната политика за зголемување на каматните стапки.
Во март, 10 од 18-те креатори на политиката на ФЕД сигнализираа дека се подготвени да го запрат зголемувањето на каматните стапки по новото зголемување што се очекува денеска.
ФЕД ќе мора да реагира на серија економски ризици во САД.
Некои претставници на ФЕД веруваат дека референтната каматна стапка не е доволно зголемена, бидејќи инфлацијата во САД не паѓа според очекуваната стапка.
Неодамнешниот колапс на три американски банки предизвика загриженост за можни подлабоки проблеми во финансискиот сектор, а спорот меѓу републиканците и демократите околу зголемувањето на плафонот на долгот може да се претвори во сериозна криза.
Американскиот министер за финансии Џенет Јелен предупреди дека американската влада може да остане без пари до 1 јуни доколку Конгресот не го подигне или суспендира плафонот на долгот, пренесоа агенциите.
Подготвено од А.Ѓ.