23.05.2023 Скопје
На Советот на министри за надворешни работи на ЕУ со министрите на земјите од Западен Балкан, се дебатираше за дијалогот меѓу Србија и Косово.
Брзото и целосно спроведување на сите договори постигнати во дијалогот меѓу Белград и Приштина е единствениот пат за нормализирање, посочи високиот претставник на ЕУ, Жосеп Борел, додека пак шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ побара ЕУ биде фер кон Србија.
Како што соопштија српските медиуми, една од главните пораки на значителен број земји-членки, адресирана пред се до Србија, е усогласувањето со заедничката надворешна политика на ЕУ, и дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Ивица Дачиќ изјави дека реагирал на таа изјава и рекол дека треба да бидат коректни кон Србија во смисла дека Србија не е вредносно неутрална.
Борел истакна дека брзото и целосно спроведување на договорите постигнати во дијалогот е единствениот начин за нормализирање и продолжување на европскиот пат на Белград и Приштина, и предупреди дека тензиите и провокациите мора да престанат.
Подготвено од М.Н.