23.05.2023 Скопје
Претседателот на италијанската банкарска асоцијација (АБИ), Антонио Патуели, по повод „Свеченото доделување на наградата за извонредност во банкарскиот сектор“, изјави дека Европската Централна Банка заостанува со борбата против корупцијата и ја обвини претседателката Кристин Лагард дека многу доцна се приклучила со донесување на одлуките за намалување на инфлацијата.
Се зборуваше дека инфлацијата не е од побарувачка, туку е поврзана со војната во Украина. Денес енергетската криза е завршена, но цените продолжуваат да растат, објаснува претседателот.
Во другите сектори, пак, тешко е да се објасни постојаниот инфлациски притисок. Во храната, иако цената на житариците се намали од 1.200 на 611 долари за една година, цените на тестенините и лебот остануваат високи.
Монетарната политика сама по себе не е лек, особено откако јавните долгови значително пораснаа во цела Европа. Потребни се неопходни мерки, да се ограничат јавните трошоци и да се постави максимум за долгот за земјите во Европа, заклучи Патуели.
Подготвено од М.Н.