09.05.2023 Скопје
Фудбалерите на Евертон го одиграа најдобриот натпревар сезонава бидејќи го победија Брајтон со 5:1 на гости во 35. коло од Премиер лигата и со таа „петарда“ се доближија до потенцијалниот опстанок во Премиер лигата.
Со овој триумф Евертон побегна од зоната за испаѓање, а и Брајтон пропушти можност да се вклучи во борбата за Лигата на шампионите.
Веќе во првата минута Дукуре ја искористи асистенцијата на Калверт-Луин за 0:1.
Истиот играч го зголеми водството на гостите во 29. минута по асистенцијата на Мекнил, а во 35. минута голманот Стил си постигна автогол за огромни 0:3.
Роберто Де Зерби отиде се или ништо во вториот дел, Март, Фергусон, Енцисо и Колвил влегоа веднаш на полувремето, но Евертон денеска го одигра најдобриот натпревар во сезоната.
Гостите одлично се бранеа, а во 76. минута по одлична контра Мекнил се прошета во голот за 0:4.
Во 80. минута Брајтон успеа да намали, Митома шутираше од шеснаесетникот, топката се одби од стативата до Мекалистер, а потоа и во мрежата.
Брајтон за малку ќе се врати во мечот веднаш потоа, Митома набрзо го погоди Колвил на гол-линијата, можеше да биде и 2:4, на само 10 минути до крајот.
Фергусон исто така промаши одлична шанса во 88. минута, Пикфорд одлично одбрани, но дотогаш веќе беше доцна.
Сепак, не беше доцна за уште еден подвиг на Мекнил, кој побегна на одбраната и потоа ја испрати топката под гредата, во првиот корнер за конечни 1:5.
Евертон до крајот успеа да сочува четири гола предност и сега со 32 бода е на чекор до опстанок, додека Лидс и Лестер се во многу непријатна позиција.
Подготвено од А.Ѓ.