02.05.2023 Скопје
По добиената информација за осумчлено семејство, македонски државјани, кое се наоѓа во загрозените подрачја на Судан, Министерството за надворешни работи преку нашата Амбасада во Каиро веднаш стапило во контакт и добило потврда дека сите осумина се во добра здравствена состојба, соопштија од МНР.
Од Министерството за внатрешни работи исто така информираат дека четирите наши државјани кои претходно го напуштија Судан кон Саудиска Арабија се на безбедна локација, во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат вратени во земјава.
Од мНР повторно апелираат доколку има наши државјани кои се наоѓаат на територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро (на телефон +201033615542 и е-мејл cairo@mfa.gov.mk, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби (на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса abudabi@mfa.gov.mk, како и МНР на СОС телефонот + 389 75 273 732 и емејл globalsos@mfa.gov.mk.
Подготвено од М.Н.