05.05.2023 Скопје
ЕУ сака да го забрани транзитот на многу видови стоки низ Русија како дел од таканаречениот 11-ти пакет санкции.
Главната цел на новиот механизам на ЕУ е да ги спречи другите земји да и помагаат на Русија и да ги потисне трговските канали кои Москва наводно може да ги користи.
Новиот пакет санкции на ЕУ, за кој се разговара во Брисел, ќе има за цел да ги затвори дупките во веќе усвоените мерки, бидејќи Москва во моментов увезува многу стоки од листата на западни санкции преку трети земји.
Русија увезува полупроводници, микрочипови и слични стоки од Казахстан, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Кина и други земји.
ЕУ првично нема да ги воведе овие мерки против Кина, туку главно против земјите од Централна Азија и соседите на Русија.
Брисел би можел да го ограничи извозот на одредени стоки во земјите кои извезуваат „забранета“ технологија во Русија.
Подготвено од А.Ѓ.