08.05.2023 Скопје
Европската унија предложи воведување нови санкции за кинески компании обвинети за продажба на опрема што може да се користи за производство на оружје и поддршка на руската воена машина.
Новиот пакет санкции вклучува седум кинески компании за кои ќе разговараат властите во ЕУ.
На листата на санкции се две компании од континентална Кина – 3HC Semiconductors и King-Pai Technologies, заедно со пет од Хонг Конг – Sino Electronics, Sigma Technologies, Asia Pacific Links, Tordan Industries и Alfa Trading Investments.
Некои компании како Кинг-Паи веќе се на списокот со санкции на САД обвинети за снабдување на повеќе деловни субјекти од рускиот воено-индустриски комплекс.
Подготвено од А.Ѓ.