https://www.flickr.com/photos/pittpanthersfan/49801186563

18.05.2023 Скопје

Европската комисија предложи реформа на царинската унија на ЕУ, со која, меѓу другото, се предвидува и воведување царини за производите чија вредност е помала од 150 евра.

Со предложената реформа се укинува сегашниот праг врз основа на кој стоката со вредност помала од 150 евра е ослободена од царина, што беше масовно искористувано од измамниците, наведуваат од Комисијата.

Според новиот предлог, онлајн платформите ќе станат клучни актери во обезбедувањето дека стоките што се продаваат онлајн во ЕУ и ги исполнуваат сите царински обврски, ова е значително поместување од сегашниот царински систем, кој ја става одговорноста на поединечните потрошувачи и транспортери.

Платформите ќе бидат одговорни да гарантираат дека царинските давачки и ДДВ се плаќаат при купувањето, така што потрошувачите повеќе нема да бидат изложени на скриени такси или неочекувана документација при собирањето пакети.

Ова ќе го олесни пресметувањето на царините за мали пакети, што ќе им помогне на платформите и царинските органи подобро да ги обработат милијарда парчиња стоки купени во е-трговија кои влегуваат во ЕУ секоја година.

Комесарот за економија Паоло Џентилони изјави дека воведувањето царини за стоки вредни помалку од 150 евра нема, односно не треба да доведе до зголемување на потрошувачките цени.

Подготвено од М.Н.

About Author