12.05.2023 Скопје
Европските граѓани веруваат дека најпотребните реформи во земјите-членки се во областите на јавното здравје (56 отсто) и образованието (50 отсто).
Ова се резултати од едно блиц истражувањето на Евробарометар објавено денеска, и според резултатите, во 11 земји-членки, повеќе од 60 отсто од граѓаните бараат реформи во јавното здравство. На трето место се семејството, домувањето и социјалната заштита со 35 отсто, а потоа зелената транзиција со 25 отсто.
Понатаму, според истражувањето, Европејците сакаат јавните администрации во земјите-членки да бидат поефективни и поефикасни. На пример, повеќе од 45 интервјуирани граѓани веруваат дека јавната администрација на нивната земја е сложена, оптоварена и бавна. Речиси половина од Европејците веруваат дека јавната администрација треба да биде поблиску до граѓаните со користење на различни канали на директна комуникација, вклучително и интеракции лице-в-лице (49 проценти) и да обезбеди појасни информации за процедурите и услугите (46 проценти).
За да ја зголемат довербата во јавната администрација на нивната земја, Европејците мислат дека поддршката на ЕУ може да им помогне на земјите-членки повеќе да ги спроведат реформите во јавната администрација, кои според тоа би можеле да бидат помалку бирократски (52 отсто) и потранспарентни (44 отсто) за одлуките и употребата на јавните фондови.
Околу една третина од испитаниците веруваат дека подобрата комуникација и рационализираната интеракција со граѓаните (31 отсто), како и поквалификуваните јавни службеници (30 отсто), би помогнале да се подобри довербата во јавната администрација.
Подготвено од М.Н.