19.05.2023 Скопје
Регулативите треба да воведат јасни правила за имателите на криптовалути и поврзаните даватели на услуги.
MiCA бара крипто берзите и компаниите кои нудат криптовалути да имаат лиценца за работа во ЕУ, а фирмите што издаваат стабилни криптовалути ќе треба да имаат соодветни резерви.
Министрите за финансии на земјите од ЕУ, исто така, усвоија мерки за да ги принудат давателите на услуги поврзани со криптовалути да ги откријат деталите за имотот на нивните клиенти на даночните власти.
Овие информации ќе се споделуваат на ниво на ЕУ, со цел да се спречи протокот на средства во тајни криптовалути во други земји.
MiCA ќе стапи на сила една година по официјалното објавување на оваа регулатива во Службениот весник на ЕУ, во јуни или јули.
Ова е првото и досега единственото законодавство кое се обидува да воведе правила на пазарите на криптовалути и ќе постави преседан за целиот свет.
Подготвено од А.Ѓ.