erupcija vulkan

05.05.2023 Скопје

Околу 250 жители се евакуирани од падините на Огнениот вулкан, кој еруптираше во текот на вчерашниот ден и почна да исфрла пепел и вжештени камења.

Пожарникарите соопштија дека жителите на селото Панимаче се пренесени во прифатилишта.

Националната агенција за вонредни состојби соопшти дека вулканот исфрла облаци од пепел што може да погоди до 100.000 луѓе во околните општини.

Огнениот вулкан, чиј врв е 3.763 метри надморска височина, е еден од најактивните во Централна Америка.

Во ерупцијата на тој вулкан во 2018 година животот го загубија 194 луѓе, а 234 исчезнаа.

Најголемата закана од вулканот е лахар, мешавина од врел пепел, карпи, кал и лава што може да ги закопа градовите.

Од Агенцијата за вонредни состојби додаваат дека лава потекла по четири од седумте вулкански канали.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author