23.05.2023 Скопје
Кандидатот кој заврши на третото место на изборите во Турција во понеделникот го поддржа актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој во вториот круг во недела ќе се соочи со Кемал Киличдароглу.
Синан Оган, националистички тврдокорен, кој и беше непознат на пошироката јавност пред изборната кампања, освои 5,2 отсто од гласовите во првиот круг од изборите на 14 мај.
Аналитичарите тврдат дека поддршката на националистичкиот претседателски кандидат ќе му користи на Ердоган, но во исто време ќе ги подели поддржувачите на Оган.
Педесет и петгодишниот Оган беше претседателски кандидат на десничарската коалиција предводена од Партијата на победата, која е позната по својот антиимигрантски став во Турција, која има најголемо бегалско население во светот.
Коалицијата на владејачката партија обезбеди и мнозинство во парламентот, што ќе значи предност за Ердоган, кој се обидува да го продолжи своето дводецениско владеење.
Подготвено од М.Н.