https://www.facebook.com/photo/?fbid=787746486053740&set=pb.100044551864456.-2207520000.

08.05.2023 Скопје

На аеродромот Ататурк во Истанбул, владејачката Партија на правдата и развојот (АК) одржа предизборен митинг на кој присуствуваше и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Пред присутните се обрати претседателот на АК Партијата, Ердоган, кој е и кандидат на претстојните претседателски избори и најави голем број големи проекти во Истанбул, вклучувајќи го и „Големиот тунел на Истанбул“.

Граѓаните на Турција на 14 мај ќе гласаат на претседателските и парламентарните избори, а ќе избираат меѓу четворица претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за пратеници.

Право на глас имаат 64,11 милиони луѓе, а повеќе од 4,9 милиони турски граѓани ќе гласаат по првпат.

Ердоган, Мухарем Инџе, Кемал Киличдароглу и Синан Оган се кандидати за претседател на Турција, а на парламентарните избори ќе учествуваат 24 партии и 151 независен кандидат.

Подготвено од М.Н.

About Author