03.05.2023 Скопје
Европската комисија објави дека и одобрила помош на холандската влада во вкупен износ од 1,47 милијарди евра за плаќање на локалните сточари и следствено намалување на емисиите на азот.
Владата во Хаг ќе користи пари од ЕУ за да им плати на сточарите кои доброволно одлучуваат да ги затворат фармите лоцирани во близина на природните резервати.
Во соопштението на Европската комисија се наведува дека плановите на холандската влада ќе имаат „позитивен ефект кој е поважен од потенцијалното нарушување на конкуренцијата и трговијата во ЕУ“.
Холандија мора да ги намали емисиите на азот предизвикани од децениското интензивно сточарство.
Несогласувањата околу планот за намалување на емисиите на азот доведоа до голем пораз на владејачката коалиција на премиерот Марк Руте на регионалните избори во март.
Подготвено од А.Ѓ.