19.05.2023 Скопје
Премиерот на Албанија, Еди Рама, го поздрави продолжувањето на договорот за извоз и транспорт на украинското жито во следните два месеца.
Во објава на својата официјална страна, Рама ја оценува како одлучувачка улогата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган за обновувањето на овој договор.
Русија и Украина се договорија да го продолжат договорот за транспорт на украинско жито преку Црното Море за уште два месеца, а овој договорот е многу важен бидејќи Украина е еден од водечките светски извозници на пченица.
Подготвено од М.Н.