04.05.2023 Скопје
Научниците за првпат забележале како далечна ѕвезда проголтала планета со големина на Јупитер, по што исфрлила сè уште непознат материјал во форма на она што научниците го нарекоа „енергетско подригнување“.
Ѕвездата пораснала толку многу што нејзиното гравитационо поле ја вшмукувало планетата.
Ѕвездата се наоѓа во нашата галаксија, Млечниот Пат, оддалечена околу 12.000 светлосни години. Таа е стара околу 10 милијарди години, односно двојно постара од Сонцето, а нејзиниот состав и големина некогаш биле исти како Сонцето, а моментално е во фаза на „црвениот џин“.
Ѕвездите на „црвениот џин“ растат со текот на времето и можат да бидат до сто пати поголеми од нивната оригинална големина, кога ќе почнат да ги голтаат блиските планети. Трите планети најблиску до Сонцето, имено Меркур, Венера и Земјата, ќе ја доживеат истата судбина за околу пет милијарди години, што е време и се очекува дека Сонцето ќе треба да ја достигне таа големина, изјави научен соработник во МИТ, Институт за астрофизика Кавли, Кишалај Де.
Тој вели дека „проголтаната“ планета орбитирала на слично растојание од ѕвездата како што Јупитер орбитира околу Сонцето.
„Планетата почна да поминува низ атмосферата на ѕвездата исто како сателит кој паднал во атмосферата на Земјата. Колку подлабоко планетата паѓала во атмосферата на ѕвездата, толку нејзината околина станувала погуста и толку побрзо се влечела кон ѕвездата“, вели коавторот професор Морган Меклаод.
„Во суштина, ѕвездата ја проголта својата планета толку ненадејно што можевме да видиме енергетско подригнување. Интензивната топлина на крајот ја дели планетата, а нејзиниот материјал е измешан низ целата ѕвезда“, рече тој.
Подготвено од А.Ѓ.