24.05.2023 Скопје
Државно–црковната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил.
Подоцна во попладневните часови Џафери ќе положи цвеќе заедно со бугарска делегација пред спомен–плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”.
Традиционално делегацијата денеска ќе присуствува и на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан, по што Џафери ќе има средба и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Пјетро Паролин.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, утре, на 25 мај, ќе ја заврши посетата на Рим и Ватикан со средба со претставниците од Центарот за изградба на светилиштето на Мајка Тереза.
Подготвено од М.Н.