12.05.2023 Скопје
На сила стапи новата казна за злоупотреба на животни, доколку некое лице на јавно место ги злоупотребува животните ќе се казни од 200 до 1.000 евра. Ова е 10-кратно зголемување, бидејќи максималната казна досега беше 100 евра.
„Да речеме некој клоца куче на автобуска станица, тоа не е само злоупотреба на животни, тоа дефинитивно ги вознемирува луѓето и го нарушува јавниот ред и мир. Треба да има можност за автоматско повикување полиција. Сега граѓаните нема да пишуваат мејлови до општините редари, но ќе повикаат полиција. Затоа сметаме дека оваа одредба, а потоа и зголемувањето на казната се важни за спроведување“, изјави Лука Оман, претседател на здружението „Пријатели на животните“.
Денеска, дополнително, за прв пат во Хрватска се одржа состанок на тема правна заштита на домашните миленици. На тркалезната маса се разговараше за теми како одговорно одгледување и чување на домашни миленици.
„Тоа е прашање на безбедност. Тоа не е само семејно прашање, туку е прашање и на општата сфера. Мора да се знае просторот и каде можат да се движат, како можат да се движат, каква безбедност мора да се обезбеди на нив, и на другите, кога ќе дојдат со нив да контактираат“, рече академик Јакша Барбиќ, претседател на Научниот совет.
Подготвено од А.Ѓ.