https://www.flickr.com/photos/136502155@N06/42359670092/in/photolist-27xbo8w-S6Ds1i-269L2L9-P3GoJf-2hi7ziR-21zXSbF-t7PEj5-QRFrvr-dxtHWY-2nHW6i7-22KAqvA-RvYk7Q-QRFkaa-2nHPX2U-ux4Xn6-21v2EcN-Q32aeb-RvYmXo-ZuLLXC-269mjJA-27f5bvg-NVBPiJ-LGUdpY-uwWauQ-DscS9w-DscSmq-NY8T4M-MupP1z-oZr4HR-2jHdG7w-Lx44pe-K7abY3-249ufRX-P3GoCU-2jHd6hG-MupNSZ-2nC5BVn-NY8Twk-2iAfy6Q-27aZbzj-GDkmVB-MupPjv-LwYZyC-DscQQu-27BBJqk-24RQXeQ-KtFNwS-Lx42PF-ZuLLKJ-N8GwLH

26.05.2023 Скопје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вели дека досега се предадени 45.000 парчиња оружје.

„Најжестокиот удар беше убиството на децата од основното училиште Владислав Рибникар. Луѓето беа во шок. До вчеравечер предадени се 45.000 мини и цевки и два милиони куршуми. Наше беше да преземеме мерки. Нема нормална личност која не пушти солза. Но, кога си претседател на држава, мораш да спречиш да се споделуваат видеа од убиени деца“, изјави Вучиќ.

Потоа додаде:

„Кога ќе видите илјада работи, дека некој сака да побегне од земјата, а можно е да учествувал во планирањето на злосторството. Морате да водите акција за апсење на осомничените. Некои други не мора, секогаш е лесно да се најде дежурниот виновник. „Што се однесува до нервозата, имам необичен мир. Мојата улога ќе се смени од сабота, имаме собрание на СНС во Крагујевац, а јас ќе зборувам за тоа на денешното собрание“, додаде тој.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author