zelenski i bajden

13.05.2023 Скопје

Портпаролот за стратешки комуникации на Советот за безбедност во Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека, дури и во случај американската држава да премине во состојба на технички банкрот, таа ќе може да продолжи финансиски да ја помага Украина до крајот на оваа фискална година (30 септември) на сметка на средствата доделени од Конгресот.

Министерството за финансии презеде вонредни мерки бидејќи веќе е постигнат максимумот за заеми, а во спротивно, ако нема договор до 1 јуни, ќе биде објавена неможност за исплата на обврските.

Демократите и републиканците не успеваат да договорат зголемување на максимумот на јавниот долг на САД, неопходен законски потег за најголемата светска економија да продолжи да ги плаќа своите обврски, своите службеници и своите доверители.

Администрацијата на претседателт на САД, Џо Бајден, бара од Конгресот подигање на максимумот на државниот долг на што се противат републиканците, кои го контролираат долниот дом на Конгресот.

Републиканците не се против подигање на лимитот на државниот долг, но имаат услов кратење на државните расходи.

Подготвено од М.Н.

About Author