https://www.facebook.com/photo/?fbid=696785008483222&set=pb.100044551864456.-2207520000.

18.05.2023 Скопје

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека договорот за жито ќе биде продолжен за 60 дена.

Тој им се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин, на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на генералниот секретар на Обединетите нации за постигнатиот договор.

„Продолжувањето на договорот дојде благодарение на конструктивноста на руската и украинската страна“, рече Ердоган.

Договорот за извоз на жито се однесува на извоз на украинско жито, храна и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа, меѓу кои и Одеса.

Во јули минатата година го потпишаа претставници на Русија, Украина, Турција и ОН.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author