https://www.flickr.com/photos/98897964@N06/15558303549/in/photolist-6wdRoZ-8AH9x2-pZoUr5-pGSEt7-5nipF2-pGQnAV-p3wrTa-pZg3FR-2n8aX3z-8WyKZK-cGE1X3-7duEjV-2kYq74t-VwPhx6-ULb69w-2kYjAqo-5niokt-5nnDsE-2kYp3Ue-2kYit1y-2kYitbD-5NeMh9-ahXZLE-2kYp3RJ-2kYit9e-5nipq4-6sNxLE-5nnFxj-2kYeXFJ-6eZPQg-bZMmQC-bZMn1h-xZzgxw-bSbh6c-bSbh5g-bZMmH5-8zsGuH-2m1r8kN-9pybT6-2m1kENf-2kYizKk-5nnE2N-2nY1bt4-2m1pF1e-2m1pF2g-2m1pF4L-2m1kEQz-2m1h2AS-2m1kEV9-2m1h2E9

25.05.2023 Скопје

Европската комисија, за посетата на Милорад Додик на Москва и средбата со рускиот претседател соопштија дека, Европската унија била кристално јасна за нивните партнери дека односите со Русија не можат да бидат нормални и се засенети од руската неоправдана инвазија на Украина.

Како што наведоа, Европската унија сака да смета на сите земји кандидати како доверливи европски партнери кои негуваат заеднички принципи, вредности, безбедност и просперитет.

Оттаму потсетуваат дека ЕУ во повеќе наврати изјави дека одржувањето блиски врски со Русија е некомпатибилно со интеграцијата во ЕУ, што во понеделникот го повтори и потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, по состанокот на Европскиот совет за надворешни работи.

Подготвено од М.Н.

About Author