https://www.flickr.com/photos/136668338@N03/35135629475/in/photolist-VwPhx6-ULb69w-ahXZLE-5niokt-5nnDsE-2kYp3RJ-2kYitbD-2kYit9e-pGSEt7-2n8aX3z-2kYp3Ue-2kYit1y-2kYeXFJ-6eZPNx-6eZPQg-bZMmQC-bZMn1h-xZzgxw-bSbh6c-bSbh5g-bSbh5r-bZMmH5-8zsGuH-2m1r8kN-9pybT6-2m1pF1e-2m1kENf-2m1pF2g-2m1pF4L-2m1kEQz-2m1h2AS-2m1kEV9-2m1r8Va-2m1r8Wn-2m1kEYa-5nnE2N-8J2gfF-2m1h2E9-2m1r8Ym-2m1r93j-2m1h2Go-bSPrnT-9pybyB-bSPrkD-bSPre8-9pBduQ-8CGnTh-8ByCKA-fkJCXG-bSDj8F

30.05.2023 Скопје

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, оцени дека однесувањето на КФОР на Косово и Метохија покажува дека нивното присуство не ја гарантира безбедноста на Србите.

Тој рече дека во наредните денови Народното собрание на Српска ќе даде декларација за поддршка на српскиот народ на Косово и Метохија и територијалниот интегритет на Србија.

Додик истакна дека Српска му дава целосна поддршка на српскиот народ во нивните барања да му обезбеди нормален и мирен живот на Косово и Метохија.

Тој посочи дека реакцијата на припадниците на КФОР кон голиот српски народ кој го брани своето право да живее на Косово и Метохија е целосно несоодветна.

„За актуелната ситуација единствено одговорни се претставниците на меѓународната заедница, кои непочитувајќи го меѓународното право и потпишаните договори создаваат неодржливи решенија“, напиша Додик на „Твитер“.

Силни сили на КФОР вчера разбија собир на граѓани кои беа собрани пред општина Звечан и мирно протестираа. Беа употребени солзавец и шок бомби.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author