17.05.2023 Скопје
Централната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана (ГУР) ја призна одговорноста за некои напади врз јавни личности во Русија.
Ова го соопшти директорот на агенцијата Кирило Буданов во интервју за националните украински телевизиски канали.
„Веќе допревме до многумина, вклучително и јавни и медиумски личности“, изјави Буданов, одговарајќи на прашање поврзано со оваа тема.
Меѓутоа, на прашањето за можна вмешаност на Украина во нападите врз руските новинари Дарја Дугина и Захар Прилепин, Буданов сепак одби да наведе прецизни имиња.
Подготвено од М.Н.