24.05.2023 Скопје
Дигиталното евро би можело да биде лансирано на пазарот за три или четири години. Ова на прес-конференција го изјави Фабио Панета, член на директоратот на Европската централна банка (ЕЦБ).
Тимот што работи на овој проект има околу педесет луѓе, и доколку се оди според плановите ќе се оствари целта во предвидениот рок, изјави Панета.
„Европската комисија, со која постојано разговараме, во јуни треба да претстави законски предлог со кој ќе се воспостави регулаторна рамка. Следниот октомври, Бордот на гувернери ќе треба да одлучи дали сака да премине во подготвителна фаза за развој и тестирање на дигиталното евро“, истакна економистот.
Доколку Бордот на гувернери и европските законодавци, односно земјите-членки и европратениците го одобрат дигиталното евро, би можеле да започнеме со негова употреба за три или четири години, додаде Панета.
Подготвено од М.Н.