22.05.2023 Скопје
Според последните податоци, во Република Српска има десет пати повеќе пензионери од студенти.
Имено, според податоците на Заводот за статистика на Република Српска од април, во учебната 2022/2023 година на прв циклус на високообразовни студии, вклучително и интегрирани, во зимскиот семестар се запишани 24.026 студенти, од кои 14.822, или 61,7 отсто се студентки. Редовно учат 87,6 отсто од студентите.
„Во учебната 2022/2023 година продолжи трендот на намалување на бројот на запишани студенти. Во однос на претходната академска година, бројот на студенти е намален за 3,1 отсто, односно 781 студент. Во Република Српска четири јавни високообразовни институциите запишале 16.434 студенти, односно 68,4 отсто од вкупниот упис. Јавни високообразовни институции се Универзитетот во Бања Лука, Универзитетот во Источно Сараево, Медицинскиот колеџ во Приедор и Колеџот за туризам и хотелски менаџмент во Требиње.31,6 отсто од вкупните уписи студираат на 15 приватни високообразовни установи, односно 7.592 студенти“, соопшти Заводот за статистика на Република Српска.
Се додава дека во учебната 2022/2023 година на магистерски студии се запишале 2.201 студент и на специјалистички студии на високообразовните институции во Република Српска 71 студент.
Така, во оваа учебна година пријавени се вкупно 235 кандидати за доктори.
Значи, според овие податоци, во оваа учебна година се запишани вкупно 26.533 ученици од сите студиски циклуси.
Од друга страна, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Српска на почетокот на мај објави дека за април пензии земаат вкупно 277.996 пензионери, од кои 224.013 се во Српска, а 53.983 се надвор од Републиката.
Подготвено од А.Ѓ.