25.05.2023 Скопје
Републиканскиот гувернер на Флорида Рон ДеСантис потврди дека ќе се кандидира во трката за републиканска номинација за претседател на САД во 2024 година.
44-годишниот ДеСантис важи за главен ривал на поранешниот претседател Доналд Трамп во борбата за кандидатурата на републиканците за изборите во 2024 година.
Неговата кандидатура се очекуваше долго време, а сега тој и официјално се пријави до Сојузната изборна комисија.
Републиканецот се приклучува на растечката листа на кандидати кои сакаат да го соборат Трамп, кој ја предводи неговата партија со повеќе од 30 отсто поддршка во националните анкети.
Околу половина од републиканските гласачи (52%) сметаат дека е многу веројатно Трамп да ја добие претседателската номинација на партијата, други 35% сметаат дека тоа е малку веројатно, а само 13% сметаат дека тоа не е многу веројатно или воопшто нема да се случи.
ДеСантис најдобро поминува меѓу многу конзервативните гласачи (34%), додека меѓу малку конзервативните гласачи го поддржуваат, односно само 23% од испитаниците.
Републиканските гласачи следната година ќе одлучат кој кандидат ќе се соочи со претседателот Џо Бајден, демократ, на општите избори во ноември 2024 година.
Подготвено од М.Н.