https://www.facebook.com/photo.php?fbid=318937450414953&set=pb.100068961018275.-2207520000..&type=3

22.05.2023 Скопје

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе продолжи 115. седница, на чиј дневен ред меѓу другите точки се пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10, а на дневен ред се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за работни односи, на Законот за експропријација и на Законот за градење, сите по скратена постапка.

На денешната седница на дневен ред се и законите за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување и на Законот за фитофармација, Законот за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, сите по скратена постапка.

Меѓу другите точки на денешната седница се и законите за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи и на Законот за извршување, Предлог законот за академија за судии и јавни обвинители и Информацијата за состојбата во Судскиот Совет па Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author