13.05.2023 Скопје
Во паркот Гази Баба во Скопје денеска ќе се одржи прослава по повод Денот на Европа, во организација на Европска куќа Скопје, каде се предвидени повеќе музички настани, спортски и едукативни активности, како и изложби и активности за најмладите, соопштија од Европската куќа Скопје.
Во соопштението стои дека во рамките на одбележувањето се предвидени повеќе активности меѓу кои: многу музика со настап на познати музички групи, изложба на ендемичните видови во земјата и во парк шумата „Гази Баба“, едукативни прошетки низ парк-шумата, многу спорт, Europe day-трка, игри без граници, детска работилница за глина, коропластичарска уметност, играчки и фигурини во античка Грција (со уметникот Атанасиос Кацарас од Грција), како и детска креативна работилница „Пикник“ (сликање на големо платно).
Од Европска куќа Скопје додаваат дека настанот има цел да собере луѓе од различни профили и да ги прикаже вредностите на европската идеја дека „иднината не поврзува!“, а на настанот ќе биде присутен и амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.
Подготвено од М.Н.