protesti belgrad germansko-francuski dogovor

31.05.2023 Скопје

Без инциденти завршија синоќешните демонстрации во Белград за поддршка на Србите на Косово, по тензиите и судирите во последните денови.

На протестот организиран од Движењето за одбрана на Косово и српската младина, се повторија барањата претседателот Александар Вучиќ и државниот врв „да го заштитат српскиот народ на Косово или да си поднесат оставки“. За време на демонстрациите, кои започнаа од германската амбасада, а завршија пред зградата на српското претседателство со извикот „Предавство, предавство“, слогани како „Косово е срцето на Србија“, „Русија“, придружени со свирежи и омаловажувачки зборови против земјите членки на НАТО.

Еден од основачите на Движењето за одбрана на Косово, историчарот Милош Ковиќ, обраќајќи им се на насобраните луѓе појасни дека демонстрациите се „против НАТО пактот“. „Нашите непријатели се земјите од НАТО, нашиот непријател е терористичкиот режим на Албин Курти и неговите градоначалници“, истакна Ковиќ.

Историчарот додаде дека меѓу барањата на присутните е и крај на преговорите под покровителство на Европската унија, како и целосно отфрлање на француско-германскиот договор за косовското прашање.

За денеска е најавен нов собир пред храмот Сан Сава во Белград.

Подготвено од М.Н.

About Author