02.05.2023 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти денес во Брисел ќе го продолжат дијалогот под покровителство на Европската унија, а фокусот на средбата ќе биде имплементацијата на договорот.
Заедничката средба на Вучиќ, Курти, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, ќе почне вечерва во 18 часот.
На средбата ќе се разговара за имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, за кој Вучиќ и Курти постигнаа договор на 18 март во Охрид, соопшти Европската служба за надворешни работи.
На денешната средба се очекува двете страните да ја усвојат Декларацијата за исчезнати лица, која ќе биде прва точка на дневниот ред, по што ќе следи презентација и расправа за првиот нацрт-статут на Заедницата на српски општините со српско мнозинство во Косово, стои во соопштението на Европската служба за надворешни работи.
Подготвено од М.Н.