https://www.instagram.com/p/Cgtsrk-Mi57/

04.05.2023 Скопје

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, порача дека младите по злосторството во белградското основно училиште и пораките за поддршка на социјалните мрежи за малолетникот што пукал, мора да сфатат дека животот не е видео игра.

„Во видео игра имате право да почнете од почеток. Ова што се случува е реалност“, рече Дачиќ, реагирајќи на афирмативните и поддржувачки пораки на социјалните мрежи за малолетникот К.К. кој вчера уби осум школски другари и обезбедување во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Дачиќ истакна дека после ова ништо нема да биде како порано, ниту во тие семејства, ниту во општеството.

Тој изјави дека по трагедијата во белградското основно училиште се поставува прашањето дали некој ќе ја ископира, ќе се обиде да ја повтори и како да се спречи и дека е потребно да се расветлат сите факти и околности кои довеле до злосторството.

Дачиќ изјави дека бил приватно во Клиничкиот центар на Србија кога родителите почнале да доаѓаат во потрага по нивните деца и дека не можел ни да ги замисли нивните маки.

„Ги видов како трчаат со неверување, а тие го испратија детето на училиште и тоа се случи, не од надворешниот свет, туку тоа го направи еден соученик“, изјави Дачиќ.

Тој порача дека оваа трагедија не треба да се политизира и да се лицитира со оставка на министерот за образование Бранко Ружиќ.

„Политизацијата не води до ништо, што ако Ружиќ поднесе оставка? Станува збор за објективна одговорност. Социјалните мрежи, интернетот, различните достигнувања се теми со кои општеството мора сериозно и трајно да се занимава, а не само во следните десет години“, рече тој.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author