29.05.2023 Скопје
Без разлика дали сте неуморен работник, студент желен за одмор или едноставно некој што го живее неделниот циклус, голема е веројатноста дека сте го доживеале тоа чувство на меланхолија, досада и мрзеливост што често го придружува почетокот на работната недела. Но, знаете што? Вие не сте сами. И не само што велиме ние, туку и науката.
Викендот, како што доликува, често го карактеризираат ресторански прејадувања и мали или големи пороци кои ги резервираме за празниците. Овие наши навики можат да ни ја одземат енергијата, правејќи нè да ја започнеме неделата надвор од форма.
Недостатокот на социјализација може погрешно да го насочи денот бидејќи човекот е социјално суштество: „разговорот“ го зајакнува чувството на припадност во група и дава енергија за соочување со денот.
Подолгото спиење во недела е добро, но преголемата разлика помеѓу времето кога се будиме (и часовите на спиење) во недела и времето кога се будиме во понеделник наутро резултира со голема физичка нерамнотежа, слична на џет-лаг. Ова објаснува зошто често сме грогирани и нерасположени во понеделник.
Ако работата што ја работиме не е по наша желба, ќе почнеме да бидеме „помалку среќни“ (во најмала рака) уште претходната недела навечер.
Според научните студии, тежината и крвниот притисок се повисоки во понеделник наутро отколку во остатокот од неделата, а постои и зголемен ризик од срцев удар кај предиспонирани лица.
Подготвено од А.Ѓ.