даце амбднес интервју слика

05.05.2023 Скопје

Алијанса на македонските Бугари – движење за национално единство и спас, или скратено АМБ-ДНЕС пред месец дена на официјалната веб страница објави интервју во кое претседателот на Алијансата, Драган Цветковски, зборуваше за активностите на ова здружение при што најави и формирање на политичка партија Европски пат.

Со цел навремено да ја информираат јавноста и членството, од Алијансата реализираа продолжение на претходното интервју со претседателот Драган Цветковски.

Во интервјуто претседателот Цветковски изнесе податоци, односно статистика со бројки за тоа колку Бугари има регистрирано, а колку живеат во и надвор од државата.

Претседателот на Алијансата на македонските Бугари – движење за национално единство и спас, АМБ-ДНЕС, истакна дека бугарската заедница во Република Северна Македонија ја сочинуваат македонски Бугари, иматели на двојни државјанства, кои се на број околу 120.000 од кои 19.645 веќе се попишани и како Македонци со бугарска самосвест, односно луѓе кои се во постапка за добивање на двојно државјанство, чија што бројка се движи околу 35.000.

Во врска со тоа до каде е законската процедура во Собранието за назначување време вршител должност пратеник од бугарската етничка заедница, Цветковски информира дека првиот нареден чекор ќе биде да ја информираат канцеларијата на ЕУ во Скопје за непостапување по молбата од страна на комитетот при Собранието и ќе инсистираат да дознаат кој и зошто не ја става на дневен ред, а исто така ќе го алармираат и ЕУ парламентот во Брисел.

„Би сакал да појаснам дека луѓето од бугарската заедница, односно македонски Бугари, се родени во Република Северна Македонија од семејства кои во минатото билe бугарски семејства и сите имаат биолошка врска преку своите родители кои и ден денес поседуваат лични документи за бугарска припадност. Поголемиот дел од македонските Бугари привремено се раселени во потрага по работни места и обезбедување на егзистенција за своето семејство, а голем дел од нив размислуваат и за трајно иселување од Република Северна Македонија, затоа Алијансата планира да го спречи тоа со имплементација на Агенција за вработување во јавна администрација од редот на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Преку Агенцијата до 2025 година треба да се вработат околу 30.000 македонски Бугари во институциите во Република Северна Македонија“, истакна Цветковски.

Цветковски, исто така, додаде дека откако Државниот завод за статистика ги објави резултатите од пописот во Април 2022 година, бројката од 19.645 иматели на двојно државјанство македонски Бугари, се доаѓа до 1,1 % од резидентното население во Република Северна Македонија, што по балансерот значи дека на „македонските Бугари во моментот им следуваат 2.300 вработувања во државната администрација, по веќе постоечките закони во Република Северна Македонија и тоа пред запишување на македонските Бугари во уставот.

„Во моментов во Република Северна Македонија има 1354 институции, што подразбира дека на членовите на АМБ-ДНЕС денес им следуваат 2 работни места, во оваа прва фаза профилот на работните места подразбира помошник министер, помошник директор, помошник началник“, објасни Цветковски.

МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ ФОРМИРААТ ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА „ЕВРОПСКИ ПАТ“

Подготвено од А.Ѓ.

About Author