https://www.flickr.com/photos/cementley/34640312584/in/photolist-2UBENz-UM3E5G-Vp6wP4-bbv8HP-Vz4mLg-VvvsgN-UktYDv-Uku59i-Vnuk6k-Vz487n-ieSU9R-VvvvLo-2mfz92W-VvvkpG-5UP3Vv-249cmy1-EFmkNH-wLqvo-Gncwsn-5rAsPR-23gqqnu-7KfKut-5mtees-2cPoGZZ-VkRRt5-SniGgy-oKYPMb-EPsHU9-VjsCm5-dbRMLH-Sj1qUw-5vtfZz-GvRkin-5DS921-UYTrow-2kQuapa-2kQuaoJ-9mMxVF-2avopL7-4N9Qk-gMpye7-8yAMjL-Gxae6P-nzyUx9-o7GvUv-SE6tY9-9nAJKp-3dv8aD-o5C6MF-74dvkW

08.05.2023 Скопје

Министерството за финансии на Црна Гора соопшти дека во првите четири месеци се вратени 82,92 милиони евра кредити.

Исплатени се 51,66 милиони евра главнина и 31,26 милиони евра камата.

Министерството за финансии редовно ги подмирува сите обврски врз основа на склучени кредитни аранжмани, без одлагање, а во моментов нема околности што би предизвикале проблеми при отплата на обврските, се вели во соопштението.

Оттаму додаваат дека отплатата на долгот по склучени кредитни аранжмани годинава е планирана на ниво од 338 милиони евра по главнина и 109,7 милиони евра камата.

Министерството наведува дека должничкото портфолио на Црна Гора опфаќа околу 160 кредити, а најголемо учество во отплатата годинава има обврските кон кинеската Ексим банка по основ на заемот за автопатот, кој врз основа на главницата изнесува 65,57 милиони долари и 16 ,29 милиони долари камата.

Отплатата е полугодишна и една рата е подмирена во јануари, а до крајот на годината останале да се отплатат 32,78 милиони долари по главнина и 7,91 милиони долари камата, прецизираат од Министерството за финансии на Црна Гора.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author