Црна Гора

18.05.2023 Скопје

Доколку се исклучат Словенија и Хрватска, бидејќи се членки на Европската унија, Црна Гора се наоѓа на првото место на најскапата дестинација за живеење на Балканот бидејќи месечните трошоци за четиричлено семејство се проценуваат на 1.917 евра.

Во оваа пресметка не се вклучени трошоците за можно изнајмување на имотот, кои од почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина, се зголемија за околу 40 отсто поради приливот на луѓе со поголем капацитет за плаќање.

Цената за изнајмување во Црна Гора моментално се движи од 350 до над 1.500 евра, во зависност од квадратурата, но и локацијата на која се наоѓа имотот.

За живот на поединец во Црна Гора се потребни околу 550 евра месечно, не сметајќи ја цената за изнајмување на имот.

Подготвено од М.Н.

About Author