https://www.flickr.com/photos/135565956@N07/27938415341/in/photolist-JyPFwe-2hCoHnz-2imHhjN-2iWkDog-2hGbcAF-2iBGaLk-2hKjqLE-2iKYXyX-2jeRVeU-27eEand-2mvJafs-2hJCoLt-2hFbcH9-2hNWtwQ-2hM1VLb-2hVPBj5-2hY47TN-HMpLB2-2hCBV4J-2kadu3b-2iJ4rq3-2mnzRsD-98gyPs-98dpy2-98gyKs-2duQ3Gm-73Y54g-71KLEa-2hD7r7i-2k9Unav-dvKKvZ-2karSBV-HDWcdF-2aPV7Gy-87U6fj-2n911xk-2hTPvp1-98dsAX-2kcW97h-2mjzMcu-98gByQ-2kcwZuf-87THws-dvRjoY-dvKKfR-dvKK8z-dvKHDV-dvRiXu-dvRjhJ-dvRiL3

11.05.2023 Скопје

Цената на летниот одмор на црногорското приморје во главната туристичка сезона ќе биде за 30 отсто повисока од лани.

На порастот на цените најмногу влијае инфлацијата која во Црна Гора лани изнесуваше 17,2 отсто, додека од почетокот на годинава цените пораснаа за околу 14 отсто.

Здружението на приватни даватели на сместување очекува нивните цени да бидат повисоки за 10 до 30 проценти во главната сезона.

Од Здружението наведуваат дека се уште не се целосно закрепнати од влијанието предизвикано од пандемијата на ковид, а сега инфлацијата е нов товар за туристичките работници.

Според податоците на туристичката организација Будва, просечната цена на двокреветна соба во приватно сместување во главната сезона ќе биде од 20 до 50 евра по лице, а апартман за четири лица од 50 евра нагоре.

Оваа туристичка организација наведува дека трокреветен стан во Петровац моментално чини од 15 до 35 евра, додека во Будва цената е од 20 до 40 евра.

Од Црногорското туристичко здружение велат дека хотелиерите годинава ги покачиле цените за околу 10 отсто и дека се уште се поевтини од конкуренцијата во Хрватска или Грција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author