19.05.2023 Скопје
Цените на нафтата на светскиот пазар паднаа за повеќе од еден процент.
Во Лондон цената на суровата нафта од типот Брент од Северното Море е пониска за 1,10 долари или 1,4 долари и сега изнесува 75,86 долари за барел.
Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 97 центи или 1,3 отсто, на 71,86 долари за барел.
Американскиот долар се искачи на највисокото ниво од 17 март во однос на другите валути по објавувањето на пониски од очекуваните бројки за невработеноста и оптимизмот дека може да се постигне договор за зголемување на плафонот на долгот.
Посилниот долар влијае на побарувачката на нафта бидејќи ја прави оваа енергија поскапа за сопствениците на други валути.
Подготвено од А.Ѓ.