Photo by Pixabay: https://www.pexels.com/photo/industrial-machine-during-golden-hour-162568/

10.05.2023 Скопје

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паѓаат, во пресрет на објавувањето на податоците за инфлацијата во САД.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море падна за 68 центи или 0,9 отсто и сега изнесува 76,33 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта е пониска за 69 центи или 0,9 отсто и изнесува 72,47 долари за барел.

„Денес пазарот е во состојба на готовност пред објавувањето на податоците за инфлацијата во Америка“, нагласи пазарниот аналитичар од ДБС банка, Сувро Саркар.

Во текот на денешниот ден ќе биде објавен американскиот индекс на потрошувачки цени (CPI) за април.

Министерството за финансии на САД минатата недела ги зголеми каматните стапки и аналитичарите веруваат дека тоа би можело да биде последното зголемување. Министерството ги отфрли упатствата за дополнително зголемување бидејќи е намален инфлацискиот притисок.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author