https://www.flickr.com/photos/horasis/46883962734/in/photolist-2eqYyH5-2ks3W7e-2ks88ti-2ks3W81-2gXzdhB-bBz6Eh-2gXzdoZ-2kuxbX3-2kuALnw-2kuBkmy-2gXzYKW-2gXzYC1-2gXzdxG-2gXySeb-23Ms9gv-2gXzYT1-2gXy6uv-2gXyS6k-2hs191U-26yUShP-2gYhdUY-2gYhdXD-2bCPrw9-23Mtahg-2dhQQGw-2nd3NMs-2jVkf4k-2jXjSDJ-2eoVtjz-2eoUszk-2esQGG2-2kqe38C-2eoUxtP-2nd3acn-2njNkfZ-2nkz1qj-2nw8RCQ-2nd3NyG-WH2xZ2-QCA3fR-WH2xnk-VFgPue-WH2xkM-QCA336-CtCTTL-WH2wWF-2jVpCeU-2jVkf3P-28WSRA9-VBXC1g

25.05.2023 Скопје

Реформската агенда на Србија, партнерството на земјата со ОБСЕ и помошта што и ја дава Мисијата на ОБСЕ во Србија за реализирање на овие процеси ќе бидат главните теми на дводневната посета на претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи на Белград.

Османи денес во Белград ќе има средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, а со неговиот домаќин, Ивица Дачиќ, прв вицепремиер за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи, ќе одржат и заедничка прес-конференција, соопштија од МНР.

Во соопштението од МНР е наведено дека Османи ќе има средби и со претседателот на Националното собрание на Србија, Владимир Орлиќ и парламентарната делегација на Србија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, како и со граѓански организации кои работат на партнерски проекти со Мисијата на ОБСЕ во Србија.

Подготвено од М.Н.

About Author