https://www.facebook.com/photo/?fbid=538344300980229&set=a.487435419404451

22.05.2023 Скопје

Од Министерството за надворешни работи соопштија дека, Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што заедно со неговите колеги од регионот ќе учествува на Советот за надворешни работи на Европската Унија, посветен на Западен Балкан.

Во соопштението од Министерството за надворешни работи стои дека, покрај учеството на Советот, Османи ќе оствари средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како и бројни средби со колеги од регионот и земјите членки на Унијата.

Подготвено од М.Н.

About Author