https://www.flickr.com/photos/30478819@N08/48612085491/in/photolist-2h4FDp2-dX1H8f-T2EkJQ-pX7Gk4-Nvsq6f-pEX4mh-6jwcc5-c5DkfW-pX7BLV-nAyqQU-KdSrP2-qqU2M1-a7CtsV-6QAUwx-3xVGHj-6QB15R-c3HqR-qArH8J-ntnNPL-4Lgbye-H12Ezs-p1xRvk-Ykoacs-9FECbm-rNL2wk-pX7Bvp-7hNJv1-pXhwCx-Tqesyp-pERLLx-pw54rG-pVbQP7-78Nucd-pEVoHp-pEVo74-pEVnmX-bfx6NZ-nC5gZp-ehmyU-pVbJKU-pEVh5V-pEVfAn-736rZy-itPQys-2i9JNbJ-RTt4Te-MfjgA-pXhsiF-pEVi8g-FACmZt

23.05.2023 Скопје

Невремето и поплавите во најпознатиот овоштарски регион во Италија, Емилија Ромања, предизвикаа огромни и потенцијално долгорочни штети, изјавија земјоделците, предупредувајќи дека цената на овошјето може значително да се зголеми.

Земјоделците истакнаа дека петнаесет милиони овошки се загрозени од поплавите во тој регион.

Бербата на овошје во регионот покрај Јадранското Море може да биде сериозно загрозена и во следните четири до пет години, објави земјоделското здружение „Колдирети“, бидејќи од водата што останува во овошните насади, корените скапуваат, објаснуваат тие.

На одредени насади треба да се искорнат сите овошни дрвја и да се засадат нови, што во голема мера ќе влијае на цените на овошјето, вели Колдирети.

Емилија Ромања важи за главен италијански овоштарски регион, каде што се одгледуваат кајсии, нектарини, сливи, јаболка, круши, киви и јагоди.

Загрозено е производството и на најмалку 400.000 тони пченица, а полињата со пченка, сончоглед и соја се целосно покриени со дебел слој кал, истакнаа од здружението.

Подготвено од М.Н.

About Author