Image by kjpargeter on Freepik

31.05.2023 Скопје

Расте бројката на новодијагностицирани пациенти со мултипла склероза, се спушта старосната граница.

Годишно со мултипла склероза се соочуваат околу 100 луѓе, во најпродуктивниот период од животот. Најбројни се пацинетите на возраст од 20 до 40 години. Во моментов во државата се лекуваат преку 1 500 пациенти, но терапија едвај за сите.

Ана Карајанова Димитрушева, претседателка на Национално здружение за помош и поддршка на лицата со мултипла склероза, истакна дека имаат десет различни терапии за мултипла склероза, но „имаме и сознание дека високо ефикасните терапии не се достапни за доволен број пациенти“.

Лекарите на страната на пацинетите. Велат болеста лесно се дијагностицира, но дали и навремено? Мултипла скелроза е втора причина за инвалидитет кај младите, веднаш зад последиците од сообраќајните несреќи.

„Болеста започнува во младите години. Интересно е да се каже дека е втора причина за инвалидитет кај младата популација после сообраќајните несреќи. Болеста започнува меѓу 20 и 40 година и тогаш најмногу се зголемува инвалидитетот и затоа е најважно навремено да се дијагностицираат и да се почне со лекување“, вели д-р Бојан Бошковски, специјалист невролог на Уиверзитетска Клиника за Неврологија.

Мултипла склероза инаку се нарекува и болест со илјада лица и е невролошко заболување. Конкретен лек за ова заболување не е пронајден, но навремено дијагностицирање и терапија спречуваат брза прогресија на болеста.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author