18.05.2023 Скопје
Британката Ени Дуплок од Шарнфорд во Лестершир, поранешна работничка во циркус, на 100-годишна возраст го остварила својот животен сон да и фрлаат со нож за време на настап во циркус.
Дуплок, потпрена на стап, храбро застана пред човекот кој фрлаше ножеви пред навивачката толпа во Ковентри.
Дуплок, која за три месеци го слави својот 100-ти роденден, учествуваше во големото финале на шоуто Зипо Циркус.
По настапот изјавила дека „навистина уживала“, а и самата побарала да учествува.
Дуплок ја убедила нејзината ќерка да побара од нејзиниот поранешен шеф, основачот на циркусот Мартин Бартон, да и дозволи да настапи и тој се согласил.
Бартон рече дека Ени работела за него пред 30 години кога поставувала постери.
Бартон ја замоли Ени да биде дел од спектаклот за нејзиниот 100-ти роденден.
По настапот Дуплок воодушевено изјави дека е подготвена и за следниот пат.
Подготвено од А.Ѓ.