https://www.facebook.com/photo.php?fbid=798370178316667&set=pb.100044310762261.-2207520000.&type=3

27.05.2023 Скопје

Бразил нема да учествува на Меѓународниот економски форум кој е организиран од претседателот на Русија, а ќе се одржи меѓу 14 и 17 јуни во Санкт Петербург.

Ова го објави бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, во твит по телефонскиот разговор со неговиот руски колега, на кого му се заблагодарил на поканата за Меѓународниот економски форум но го известил дека нема да може да отпатува во Русија.

„Сепак, ја повторив подготвеноста на Бразил, заедно со Индија, Индонезија и Кина, да разговара со двете страни во конфликтот во потрага по мир“ во Украина, напиша Лула да Силва.

Бразилскиот претседател беше поканет на Форумот од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на неговата државна посета на Бразил на 18 април.

Подготвено од М.Н.

About Author