18.05.2023 Скопје
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, предложи да се додадат уште 3,5 милијарди евра во фондот што се користи за финансирање воена помош за Украина.
Борел побарал од владите на ЕУ да обезбедат повеќе пари за Европскиот фонд за мир (ЕПФ).
Споменатиот фонд веќе додели околу 4,6 милијарди евра воена помош за Украина.
Сепак, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во вторникот најави дека ќе ја блокира следната транша од воената помош на Европската унија за Украина и секој нов пакет санкции против Русија.
Тој изјави дека тоа може да се смени само под услов Киев да ја отстрани унгарската банка ОТП од листата на воени спонзори.
Канцеларијата на портпаролот на унгарската влада во вторникот соопшти дека Унгарија не ја одобри исплатата на следната транша од воената поддршка за Украина во вредност од 500 милиони евра обезбедени во рамките на (ЕПФ).
Подготвено од А.Ѓ.