31.05.2023 Скопје
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека Црна Гора е најнапредната земја и идна членка на ЕУ. Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, истакна дека сега, особено по претседателските избори, во земјата постои јасна политичка волја за завршување на преговорите за членство во ЕУ.
На почетокот на разговорот со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, Борел рече дека цени што Милатовиќ го избра главниот град на ЕУ за својата прва официјална посета, нагласувајќи дека тоа е знак за посветеноста на Црна Гора за интеграција во ЕУ.
Борел рече дека во текот на последната деценија, Црна Гора се усогласила со позициите и одлуките на ЕУ и дека нивото на усогласеност е 100 проценти, но и дека има актери кои „се обидуваат да ја поткопаат црногорската безбедност и нејзиниот пат кон ЕУ“.
Шефот на дипломатијата на ЕУ истакна дека ЕУ ќе ја зајакне својата поддршка особено во борбата против странските влијанија и сајбер заканите.
Тој посочува и дека во моментот на руската специјална воена операција во Украина, одржувањето на стратешката ориентација на Црна Гора е поважно од кога било.
„Црна Гора продолжува да биде лидер. За да ја задржи таа водечка позиција, Црна Гора мора да продолжи да напредува со реформите, особено со владеењето на правото. Ова не е за да ги задоволи земјите-членки, туку граѓаните на Црна Гора да почнат да го чувствуваат придобивките од членството во ЕУ што е можно поскоро“, рече Борел.
Претседателот Милатовиќ истакна дека во Брисел дошол десет дена откако е избран за претседател на Црна Гора за да пренесе три клучни пораки.
Милатовиќ најпрво им се заблагодари на Европската комисија и на Европската унија за поддршката на Црна Гора во досегашниот демократски и економски развој. Тој посочи дека техничката и економската посветеност кон Црна Гора и другите земји од Западен Балкан досега е исклучително ценета.
Претседателот Милатовиќ истакна дека сега, особено по претседателските избори, во земјата постои јасна политичка волја за завршување на преговорите за членство во ЕУ.
Тој рече дека во својство на претседател започнал дијалог со различни политички парахии со цел да се спроведат бројни реформи во областа на владеењето на правото и економијата, кои ќе го деблокираат продолжувањето на процесот на пристапување на Црна Гора во ЕУ.
Подготвено од А.Ѓ.