12.05.2023 Скопје
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, им претстави писмо на 27-те земји-членки на ЕУ во кое ја истакнува потребата да се намали зависноста од Кина.
Темата ќе биде разгледана на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи денеска во Стокхолм.
Министрите добија писмен документ со цел да се дефинира ставот на Европската унија кон Кина. „Ќе ја подготвиме лидерската дискусија на Советот на Европската унија на крајот на јуни, и во врска со овој документ, ќе ја рекалибрираме нашата позиција кон Кина“, истакна Борел.
„Невозможно е да се обидеме да ги решиме најважните глобални предизвици без силен ангажман со Кина. Кина гори повеќе јаглен од остатокот од светот. Затоа, заборавете на решавање на климатските промени без силен ангажман со Пекинг“, нагласи Борел.
Документот е многу калибриран за да го истакне фактот дека треба да бидеме пообединети, и доколку сакаме да бидеме релевантни пред појавата на Кина како голема сила, европските земји-членки мора да бидат пообединети и да дејствуваат според заедничката политика, заклучи Борел.
Подготвено од М.Н.