03.05.2023 Скопје
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по новата рунда преговори меѓу Белград и Приштина во Брисел изјави дека состојбата на терен укажува дека договорот може да биде поткопам и затоа апелира да се најде решение и да се вратат Србите во институциите.
„Формирањето на ЗСО беше договорено пред 10 години. Косовските Срби го претставија првиот, но не и конечниот нацрт на Статутот. Тоа е важен дел од договорот. Курти го кажа својот став, имаше различни ставови за природата на ЗСО“, рече Борел.
Тој додаде дека „пронаоѓањето и идентификувањето на исчезнатите не е лесно за договорот, но успеавме“.
„Не треба да го политизираме поради семејствата кои страдаат долго време. Крајно време е за последното поглавје“, рече Борел.
Подготвено од А.Ѓ.