jordan sirija

08.05.2023 Скопје

Воен авион, најверојатно на јорданското воено воздухопловство, утринава бомбардирал пункт кој бил контролиран од познатиот шверцер на дрога Мараи ал Раматан, а се наоѓал на границата со Сирија, и бил активно користен за шверц на дрога на јорданска територија.

Оваа информација ја соопшти Сириската опсерваторија за човекови права (СОР), организација со седиште во Лондон, но со густа мрежа на контакти на терен, прецизирајќи дека пунктот се наоѓал во селото Ал Шааб.

Според првични информации од (СОР), во моментов на националните телевизиски канали во Сирија нема официјална вест за смртта на Ал Раматан и неговото семејство, но од првите собрани информации од своите контакти на терен, веројатноста е голема дека во бомбардирањето загинале трговецот со луѓе, неговата сопруга и шесте деца.

Ал Раматан, кој веќе беше уапсен од сириските власти минатиот декември и ослободен на 20 април, соработуваше со милициите поврзани со проиранската либанска шиитска партија Хезболах и се сметаше за еден од главните шверцери на дрога од сириска територија до Јордан и земјите од Заливот.

Подготвено од М.Н.

About Author